15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Рокот за доставување на договорите за студентска стипендија истекува в петок

Најчитани вести

Сите студенти кои стекнале право на користење студентска стипендија во учебната 2020/2021 година преку редовниот и дополнително објавениот конкурс, најдоцна до петок, 12 февруари 2021, треба да го достават договорот до Министерството за образование и наука.

Потребно е да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на добитникот на стипендијата да ги достават до МОН, директно во писарницата на Министерството или по пошта (препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

– Согласно конкурсните услови, сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок, ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата, апелира Министерството за образование и наука кое на веб-страницата ги објави договорите заедно со резултатите од конкурсите за доделување на студентските стипендии.

Одбиените кандидати имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата што ја навеле при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести