17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Родригез се подалеку од Наполи: Челниците на Реал ги иритира однесувањето на Де Лаурентис

Најчитани вести

Џејмс Родригез после позајмицата во Баерн се врати во Реал Мадрид, но овде нема долго да се задржи.

Тренерот на клубот од Сантијаго Бернабеу, Зидан не смета на Колумбиецот во наредната сезона, па започнаа да се прават комбинации за неговата наредна дестинација.

Најмногу интерес покажа Наполи, меѓутоа клубовите никако не можат да најдат заеднички јазик.

Шпанските медиуми во последните неколку денови започнаа да пишуваат дека и Атлетико Мадрид се вклучил во трката за Родригез.

Покрај тоа, во Реал наводно се лути поради изјавата на сопственикот на Наполи, Де Лаурентис кој неодамна изјави дека клубот од Мадрид „мора да се жртвува“ за Џејмс Родригез.

„Сите се спремни да се жртвуваме за Џејмс Родригез, но ги молиме и Реал Мадрид да го направат истотот“, рече претседателот на Наполи за Скај Спорт Италија.

„Не се откажавме, но за да го разбиеме мразот, треба Мадрид да размисли околу тоа наместо несреќен играч да седи, да го прати надвор да игра. Можеби и на позајмица“, додаде Де Лаурентис.

Наполи сака да го доведе Џејмс на позајмица со опција да го купи на крајот од сезоната, но Реал сака веднаш да го продаде, а се претпоставува дека италијанскиот клуб треба да издвои 42 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com