17.8 C
Skopje
Sunday, March 26, 2023

Родители се одлучни: Ќе ги испратат децата без маски во училиште во второто полугодие

Најчитани вести

Второто полугодие да почне без маски, бараат од иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата“. Креаторот на неформалната група која брои 12.000 членови, Трајче Петковски во изјава за „Слободен печат“ вели дека нема потреба од протест и дека самото неносење на маски ќе значи демонстративно однесување кое наставниците и директорите на училиштата ќе треба да го прифатат.

– Доколку второто полугодие започне со настава со физичко присуство, огромен број на родители се согласни да не ги пуштат децата на училиште со маски. Ако се случи децата да бидат вратени од училиште или присилно натерани да стават маски, во тој случај ќе организираме и протест. Сметам дека треба се почитува нашиот став, најмногу поради тоа што јас не продавам теорија, туку од пракса знам дека нема трансмисија на корона помеѓу децата. Во моето училиште за танц, каде контактот е навистина многу близок, за разлика од училиште, не се случило да се пренесе вирусот. Од друга страна, која е логиката маски да се носат на час, а да се вадат за време на одмор кога децата се физички поблиски едни со други, а да не заборавиме дека децата од најниските одделенија ниту одат во ресторани, дискотеки, ниту кафани, така што нема од каде вирус да донесат во училиште, вели Петковски.

Тој вели дека нивното барање го доставиле официјално до Министерството за здравство и до Владата, но дека се уште од таму нема никаков одговор.

– Побаравме од властите да ги променат протоколите за следење на наставата, но немаме одговор на мејловите кои ги испративме како официјални документи. Јас бев активно вклучен во изработување на протоколи за сите танцови студија, се изборивме без маски да се одвиваат часовите по танц, а сега сакам во улога на родител да се изборам да се тргнат маските и од училиштата. Иницијална каписла за моето активно учество во овие активности е одлуката да се носи маска дури и на часот по физичко воспитување.

Петковски се повикува и на изјавата на лекарите кои во неколку наврати посочија дека треба да се укине мерката за носење маски во училиштата.

Најнови вести