13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Роденденски подарок од над 30 милиони евра – Јувентус му нуди нов договор на Роналдо

Најчитани вести

Утре ќе полни 36 години, но раководството на шампионот на Италија верува дека може уште да игра на врвно ниво, па сака да го продолжи актуелниот договор за уште една година.

Јувентус му подготви роденденски подарок од над 30 милиони евра на Кристијано Роналдо и му нуди да го освежи актуелниот договор што важи до 2022 година за уште дополнителни 12 месеци.

Утре Роналдо ќе полни 36 години, а во таборот на Старата дама веруваат дека уште може да игра на врвно ниво и понудата е договор до 2023 година за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Португалецот има нето-годишна плата од 31 милиони евра, со што е убедливо најплатениот фудбалер во Италија.

Во Јувентус дојде во 2018 година од Реал Мадрид и стандардно ја потврди светската класа со брилијантни настапи. Има одиграно точно 113 натпревари за најтофејната италијанска екипа и постигна 87 погодоци.

Сезонава постигнуваше најмалку по еден гол во сите конкуренции каде што настапуваше за „црно-белите“ од Торино и билансот му е 22 погодоци на 23 натпревари.

Сопственик е на многу рекорди и поставуваше нови стандарди во сите лиги и клубови каде што играше, а ги има четири, почнувајќи од Спортинг Лисабон, преку Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Моментно со 15 гола Роналдо е најдобар стрелец во Серија А.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести