31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Роверот што слета на Марс работи на Apple процесор стар 20 години

Најчитани вести

NASA потрошила околу 2,7 милијарди долари во развојот на роверот Perseverance, но постои добра причина зошто вселенската агенција се одлучи на процесор стар повеќе од две децении.

Минатиот месец, на површината на Црвената планета слета роверот на NASA, Perseverance, најнапредното парче технологија што некогаш се нашло на Марс, а за неговиот развој се потрошени 2,7 милијарди долари. Иако сите би помислиле дека толку голем буџет вклучува и најмодерен процесор достапен во светот со повеќе јадра и голема брзина на тактот, Perseverance, верувале или не, работи на процесор што ги покренуваше iMac компјутерите на Apple пред 21 година. Роверот е опремен со три такви процесори – покрај главниот што е во употреба, има уште еден бекап процесор и дополнителен процесор за анализа на снимените фотографии.

Се работи за осмојадрениот PowerPC 750 процесор, со работен такт од 233 MHz со само шест милиони транзистори, а истиот процесор NASA веќе го користела и на роверот Curiosity. За околу 500 долари денес е достапен Core i9-10900K процесорот на Intel, кој според силата е многукратно побрз во однос на процесорот вграден во последниот ровер на NASA (има 10 јадра и максимален работен такт од 5,4 GHz), па се поставува прашањето зошто американската вселенска агенција се одлучила на оваа поевтина варијанта.

Одговорот лежи во „уникатните оперативни услови што владеат на Марс“ затоа што атмосферата на Црвената планета не нуди таква заштита од радијација како што е атмосферата на Земјата. Таквото зрачење може да ја оштети чувствителната електроника на современите процесори, бидејќи колку е покомплексен чипот, толку е поголема веројатноста нешто да се расипе. Затоа, наместо напредни и модерни, но и покомплексни чипови, NASA одлучила да користи многу побавен и постар, но исклучително сигурен и докажан процесор од крајот на минатиот милениум, што веќе се покажа во бараните услови на марсовската прашина. Но, треба да се нагласи дека чипот малку е променет, т.е. прилагоден на условите што владеат на Марс и на него има засилена заштита од радијација.

Покрај роверот што неодамна го освои Марс и Curiosity, таков процесор се користи и во вселенските телескопи Fermi и Kepler, Lunar Reconnaissance Orbiter, вселенското летало за истражување на комети Deep Impact итн.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести