23.8 C
Skopje
Saturday, June 25, 2022

Роботите и вештачката интелегенција стануваат свесни, тврди инженер од „Гугл“

Најчитани вести

Инженер вработен во компанијата „Гугл“, тврди дека вештачката интелегенција веќе почнува да станува свесна. Блејк Лемојн работел како софтвер инженер во тимот за развој на вештачка интелегенција во „Гугл“ и тој тврди бил испратен на платен одмор, затоа што тврдел дека еден од роботите во компанијата, станал свесен и разумен.

Тој тврди дека од компаниајта го суспендирале, затоа што ја прекршил политиката за доверливост. Станува збор за чет-бот, со кој Лемојн разговарал. Тој се викал, LaMDA и бил заснован на вештачка интелегенција, наречена пробојна технологија на конверзација, а самиот модел е способен да се вклучи во разговори од отворен тип, кој звучат многу природно.

Од „Гугл“ велат дека технологијата може да се користи во алатките како Google Assistant; но дека истражувањето и тестирањето сè  уште се во тек.

Лемојн во описот на својата работа, разговарал со LaMDA моделот. Тој откри дека разговарале за религијата, свеста и законите на роботиката, а дека LaMDA себе си се опишал како чувствителна личност. Како што вели Лемојн, LaMDA тврдел дека негов приоритет бил добробит за човештвото.

Тој сакал да го гледаат како личност која работи во компанијата на „Гугл“, а не како нечија сопственост. Ваквите тврдења биле веднаш отфрление од компанијата.

„Нашиот тим ги прегледа наводите на Блејк и го извести дека доказите не ги поткрепуваат неговите тврдења. Му беше кажано дека нема докази дека LaMDA е разумен робот“, рече Брајан Гејбријел, портпаролот на компанијата „Гугл“.

Блејк Лемојн со неговите тврдења излезе и во јавноста и објави некои од разговорите кои ви направил со моделот и кои го убедиле дека LaMDA е разумен.

Веднаш откако ги објавил неговите теории, од компанијата го испратиле на платен одмор поради кршење на политиката за доверливост. Лејмон предложил LaMDA да добие и свој адвокат, а во своите тврдења разговарал и со еден член од Конгресот.

Портпаролот на компанијата исто така рече дека иако некои ја разгледале можноста за разум кај вештачката интелегенција, нема смисла да се прави тоа со антропоморфирање на денешните несвесни јазични модели кои не се свесни.

„Овие системи имитираат типови на размени кои се наоѓаат во милиони реченици, односно можат да разговараат за било која тема“, рече Гејбријел.

Тој и други истражувачи рекоа дека моделите на вештачка интелегенција имаат толку податоци што се во состојба да звучат човечки, но дека супериорните јазични вештини не даваат никаков доказ за разум.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com