24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Робињо ставен на озлогласената листа на Интерпол, Италијанците бараат помош од Бразил

Најчитани вести

Бразилецот Робињо од вчеравечер е ставен на списокот на Интерпол за итно апсење и екстрадиција доколку во било кое време го напушти родниот Бразил, бидејќи во средата во Италија му беше одбиена и последната жалба за големото кривично дело кое го направи пред осум години.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан го загуби случајот и на последната инстанца во Италија и веќе нема каде да се жали, па така на сила стапи деветгодишната затворска казна која му беше изречена, но за која сега се јавува проблем како ќе ја отслужи.

Робињо е прогласен за виновен за немилиот случај во 2013-та година кога бил дел од групно и организирано силување на 23-годишна девојка од Албанија, а покрај бразилскиот фудбалер, дебела казна треба да одлежи и неговиот пријател, Рикардо Фалко.

Сепак, напаѓачот во овој момент е на слобода бидејќи Бразил нема договор за екстрадиција со Италија, што значи дека Робињо не може присилно да биде префрлен на „чизмата“ за да ја отслужи затворската казна која му е изречена. Поради ова, Робињо од изминатава вечер е на листата на Интерпол, што во превод значи дека ќе биде депортиран во Италија доколку го напушти Бразил и влезе во една од 195-те земји кои соработуваат со оваа меѓународна организација за сузбивање на криминалот.

Италијанското министерство за правда истовремено излезе со соопштение за случајот „Робињо“, преку кое изрази желба да се најде заеднички јазик со одговорните власти во Бразил, од кои побара да го приведат фудбалерот и тој да ја отслужи деветодишната затворска казна во својата родна земја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com