Холивудскиот актер и режисер Роберт Редфорд ги повика Американците да гласаат против Доналд Трамп на претседателските избори следната година, велејќи дека е време да се стави крај на ерата на неговата маскирана монархија заради доброто на земјата.
Во авторскиот текст за платформата „Тинк“ на „Ен-би-си њуз“ Редфорд рече дека САД се соочуваат со криза каква што никогаш не видел во својот живот, т.е. Трамп го напаѓа сето она за кое земјата се залага и неговите напади наликуваат на диктаторски.
Иако напомнува дека не гласал за Трамп, Редфорд вели дека му дал шанса и се надевал на најдобро, но тоа не се исплатело, пренесува „Холивуд рипортер“.
Тој смета дека е длабоко вознемирувачки она што се случува во Америка сега, оценувајќи дека наместо Соединети Американски Држави постојат Разединети Американски Држави.
„Оваа маскирана монархија е толку исцрпувачка и хаотична што не изненадува што толку многу граѓани се разочарани“, рече Редфорд.