27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

РКЕ одлучи: Цените на горивата остануваат непроменети

Најчитани вести

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 4.07.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,501%, кај дизелот за 1,699%, кај екстра лесното масло за 2,028% и кај мазутот за 2,898%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и ќе изнесува 52,649 ден/кг.

Од 7.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 108,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 110,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,649 (денари/килограм)

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com