Home » РИЈАНА ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО РАЃАЊЕТО НА СИНОТ Фановите во неверување ја снимаа на место каде што не ја очекуваа!

РИЈАНА ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО РАЃАЊЕТО НА СИНОТ Фановите во неверување ја снимаа на место каде што не ја очекуваа!

by Журнал.мк

Пејачката Ријана во мај стана мајка на мало момче, а за првпат по породувањето ја напушти вилата во која живее со партнерот АСАП Роки. Таа го направи тоа за да го поддржи раперот на неговиот настап во Лондон.

Славната двојка е забележана заедно со бројни следбеници во една лондонска населба, поточно во берберница од која еден од следбениците сподели видео на Инстаграм. Недолго потоа и самата Ријана објави фотографија од истиот салон, а во позадина можеа да се видат верните фанови со мобилни телефони во рацете кои сакаа да го снимат овој момент.

„Поминував покрај салонот и ја видов ѕвездата која ми е идол“, напиша следбеник под видеото кое го објави на својот профил.

Да потсетиме, и покрај бројните скандали кои се поврзуваа со оваа двојка во изминатите неколку месеци, Ријана и Роки јавно не се огласуваат на социјалните мрежи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More