29.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Ријана почна со продажба на нова долна секси облека

Најчитани вести

Пејачката и модна икона Ријана ја лансираше својата најнова колекција на секси долна облека за Savage X Fenty. Таа почна со продажбата во Лас Вегас, а покрај долната облека во комбинаицја се и спортка облека и козметика.

„Пред да купите цвеќе за саканата ѕирнете на мојата веб шоп страна Savage X Fenty. Ова е за сите оние кои ќе се одлучат малку да се одважат за овој Валентајн“, рече Ријана.

Пејачката ја презентираше новата колекција на себе, а од фановите доби само убави коментари за нејзиниот изглед. Таа позираше во црвено трико со длабоко деколте и гол грб со вратоврска преку градите. Чипкастиот дизајн го комбинираше со мрежести најлони во истата боја.

Целата комбинација ја комплетираше со црно црвена фризура. На една од фотографиите таа држи  и кристални лустери, а позирала и во санка. Комбинацијата целосно ја усогласила со зимскиот амбиент.

Белата долна облека ја комбинирала со син дезен со латекс оглавици во иста боја, а носела и сребрени штикли и бела јакна.

За потсетување Ријана модната приказна ја започна уште во 2008 година по козметиката. Жените ширум светот ги обожаваат нејзините парчиња бидејќи се засноваат на инклузивност и нудат многу широк спектар на големини на долна облека, како и нијанси на пудри и кармини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com