Во блескав мрежест комплет на Miu Miu со крзнена наметка и сандали на високи потпетици од Кристијан Лобутин, мега популарната Ријана се појави на вечера со саканиот Ејсап Роки, на Денот на мајката во САД.
34годишната пејачка е во последниот месец од бременоста и со Роки го очекуваат нивното прво дете.
Таа еднаш изјави дека уште кога дознала дека е во блажена состојба, си ветила дека нема да шопингува во одделите за трудници, и дека иако нејзиното тело ќе се менува годинава, тааќе си остане доследна на својот препознатлив стил.
Еве го нејзиниот последен аутфит со кој ја воодушеви публиката,таа е преслатка, и никој не и замерува!
