16.8 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Ричарлисон за спорната ситуација: Нека се жалат до крајот на животот!

Најчитани вести

Бразил успеа да се пласира во финалето на Копа Америка со победата против Аргентина со резултат 2:0.

Сепак, Аргентинските медиуми се жалат од судењето на натпреварот, но на играчот на Бразил, Ричарлисон не му е јасно зошто се толку жалат.

Лео Меси беше главниот иницијатор на жалбите прашувајќи зошто судијата ниту еднаш не погледна ВАР снимка, но на Ричарлисон не го интересира тоа.

„Сега се жалат. Само нека зборуваат. Кој е во финалето? Бразил! Нека се жалат до крајот на животот.“ – изјави Ричарлисон после натпреварот.

Аргентинците најмногу се жалеа на прекршокот кој беше направен на Агуеро, бараа пенал, а после спорната ситуација следуваше акција за вториот гол на Бразил.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести