23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Рита Ора снимена во прегратка на славен оскаровец, фановите се сигурни дека се заедно

Најчитани вести

Обожавателите на Рита Ора се убедени дека таа се забавува со режисерот Таика Ваитити откако на интернет се појави фотографија на која тој ја гушка.

Слушатели на подкастот Who? Weekly дополнително ги разгорија гласините по тврдењата дека парот ги видел како се бакнуваат во ресторан.

Рита Ора (30) е снимена и на состанок со Таика (45), Крис Хемсворт, неговата сопруга Елза и Мет Дејмон, кои сите се во Австралија за да го снимат филмот Thor: Love and Thunder, пренесува The Sun.

Во филмот ќе игра и Расел Кроу, со кого Ора беше снимена минатата недела додека возеше велосипед. Некои затоа се надеваат дека може да ја видат пејачката и во филмот.

Оскаровецот Ваитити се разведе од сопругата Челси Винстанли во 2018 година, по седум години брак.

Рита е во Австралија бидејќи работи на шоуто The Voice, но веќе започнаа шпекулации дека би можела да се појави во филм на Марвел, за кој сè уште не се разговарало официјално.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести