1 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Ристовски сведочеше за страшниот инцидент во соблекувалната на Спортинг Лисабон

Најчитани вести

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски сведочешње на суд во Лисабон за страшниот инцидент што се случи во мај, кога триесетина ултраси упаднаа во тренинг-базата на клубот и нападнаа дел од фудбалерите.

„Имам страв до денешен ден после тој инцидент. Живеам во страв дека после секој пораз, може да се повтори истото. Влегоа неколку навивачи со маски на лицето , ја пробија вратата од соблекувалната и викаа гласно… „ќе ве убиеме сите. Акуња и Батаља беа на таа страна. Акуња го удрија во главата, фрлаа, се закануваа и повторуваа „имајте почит“, „мора да играте подобро“, „ова е последна шанса, ние ќе ви пресудиме“. Беше страшно, бевме затворени внатре, сите со рацете над глава за да се спасиме од удари. Едвај излеговме надвор по час и половина, во групи, не сакавме ниту еден соиграч. По овој инцидент живеевме во страв, јас се преселив во хотел, а семејството го пратив во Македонија“, изјавил Ристовски, а пренесува „А Бола“.

Најавите од Португалија велат дека Стефан Ристовски би можел да си замине од Спортинг Лисабон на крајот од сезоната и да се врати во Италија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести