9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Ристовски: Овде сме како во затвор, заклучени сме 24 часа!

Најчитани вести

Македонската фудбалска репрезентација веќе втор ден е во Букурешт и се подготвува за своето дебитантско учество на еден голем настан. Сепак, ова е необично првенство, па членовите на нашата експедиција се затворени во „балон“ и излегуваат само за тренинзи и натпревари. Тоа воопшто не е лесно, па уште на вториот дел нашиот репрезентативец Стефан Ристовски ја опиша ситуацијата во која се наоѓаат фудбалерите.

„Се обидуваме да ја одржиме атмосферата на висина на задачата, тоа е она што не доведе на Европско првенство. Сепак, не е лесно затоа што сме затворени во хотел 24 часа на ден. Стигнавме во Букурешт, но сместувањето може да го напуштиме само кога одиме на тренинг и на натпревари“, изјави дефанзивецот за српска „Република“.

Искусниот фудбалер на Динамо Загреб потоа зборуваше за нашите цели на турнирот.

„Немаме цели, сакаме да нè потценат, тогаш сме најсилни. Досега бевме скромни во секој поглед, така ќе биде и тука на шампионатот. Ги знаеме нашите квалитети и што имаме, но ќе има изненадувања, верувајте ми. Фаворит во групата е секако Холандија, а ќе видиме како ќе биде останатото“, заврши Ристовски.

Македонската репрезентација веќе одработи два тренинзи во Букурешт, а ќе има уште две тренинг сесии на стадионот на Стеауа и еден официјален тренинг на „Националната Арена“ во Букурешт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com