Македонија ја очекува дуел со Австрија на стадионот ”Ернст Хапел” во Виена, дуел во кој ние ќе ја имаме улогата на аутсајдери со оглед на квалитетот на противникот, но и поради тоа што се соочуваме со одредени проблеми околу составот.
Меѓутоа секој натпревар почнува од нула и нашите момци се подготвени да дадат се од себе и да го остават срцето на терен и да потврдат дека оваа селекција поседува квалитет за високи дострели.
– Австрија има силен состав, меѓутоа ние сме фокусирани да одиграме на вистинското ниво и овие квалификации да ги заокружиме на добар начин. Ако сакаме да играме на Европско првенство, секој натпревар е најважен за нас. Имаме желба и мотиви да одиграме најдобро што можеме. Проблеми има, ама онио сите ќе истрчаат ќе дадат се од себе и ќе бидат на потребното ниво, со срце. Не можеме да бидеме така слаби како на првиот меч против Австрија, -порача членот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски.