-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Ристовски добил подарок од Мирињо: Ти благодарам за овој незаборавен момент

Најчитани вести

Стефан Ристовски беше дел од тимот на Динамо Загреб кој испиша нова страница во клупската историја со елиминацијата на Тотенхем во осминафиналето на Лига Европа.

Хрватскиот тим успеа да ја „избрише“ негативата од 2-0 од првата средба во Лондон и со триумф од 3-0 да дојде до осумте најдобри во второто по ранг европско натпреварувања. Нашиот Ристовски ја искористил оваа ситуација за да оствари и средба со Жозе Мурињо кој му подарил опрема од Тотенхем со автограм и специјална порака.

-Фудбалскиот свет научи многу од тебе, јас имав чест да те запознаам лично и да видам колку голем човек си. Ти благодарам за овој незаборавен момент, -напиша Стефан на социјалните мрежи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com