21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Ристовска: Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери

Најчитани вести

Во рамките на незаконски прислушкуваните разговори биле следени три категории на лица, таргети, лица соговорници и оштетени лица, односно лица под посебни истражни мерки, сподели денеска обвинителката, Ленче Ристеска во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ и нагласи дека следените доживеале најголема штета поради фактот дека биле следени и пред, и по ПИМ мерките.

Ристоска образложи дека исказот докажува во кои сѐ сфери е вршено обезбедување на целосна контрола на сите процеси во државата, политички, бизнис, медиумски итн.

Од следењето во политичките структури, таа го истакна незаконското прислушкување на Фросина Ташевска Ременски, а од бизнис заедницата ги нагласи сведоштвата на незаконски следните Јовица Ѓуриќ и Зоран Лалиќ, сопственици на правни лица околу трговија со воена опрема кои, според нив причината за прислушување ја наоѓаат во фактот дека вршеле безбедносна дејност.

Обвинителката ги наведе и сведочењата на јавниот обвинител од Битола, Стевче Тасевски како и адвокатот Трајче Арсов, кој изјавил дека секојдневната доверлива комуникација со клиенти која била незаконски прислушкувана му нанела голема професионална штета. Таа го спомена и Хари Костов во однос на прислушкувањето на банкарските гаранција за клиенти од банката кои сакале да аплицираат на тендери. Бизнисменот Зоре Темелковски своевремено претседател на македонско-бугарската комора изјавил дека бил сигурен дека бил предмет на следење во еден момент кога му се јавиле од МВР со насоки да не ги критикува економските политики во државата.

Ристоска нагласи дека и четвртата власт не била воопшто поштедена од незаконското следење, па така биле следени повеќе новинари кои се критички настроени. Тука спомена повеќе новинари помеѓу кои Васко Попетревски, Горан Михајловски, Сашка Цветковска, Саше Димовски, Драган Антоновски и многу други кои на почеток од 2015 година добиле папка со транскрипти во кои биле образложени разговорите на новинарите со колегите.

Желбата за сеопфатна контрола, според Ристовска, придонела за тоа, предмет на прислушкување да бидат и други лица, луѓе од службите на државата, невладините организации како и останатите неистомисленици.

Помеѓу нив биле: Марјан Младеновски, командир на полициската станица Ѓорче Петров, кој забележал дека е прислушкуван при обид да достави проблемска информација и критички односи, потоа Бојан Величковски началник од полициската станица во Карпош и Ламбе Бучков, началник за недозволена трговија со дрога кој и по неговото пензионирање бил прислушкуван и следен.

– Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери, не само за приватноста на луѓето кои биле прислушкувани туку и за последиците кои се настанати во општеството и општествените процеси – изјави денеска при завршните зборови обвинителката Ленче Ристоска.

Завршните зборови на обинителството за случајот „Таргет-Тврдина“ продолжуваат по паузата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести