Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се засили со две нови обвинителки. Оливера Проеска и Верица Бержетска Крстева ќе го засилат тимот на Абази во кој останува и нивната колешка Милица Гаврилова на која и беше продолжен мандатот од Советот на јавните обвинители. Претходно Советот ги избра Наташа Гаџовска и Артан Ајро за виши скопски обвинители. Филтерот кон повисоката инстанца не го поминаа поранешните специјални обвинители Ленче Ристоска и Љубомир Лапе.
Скопското обвинителство е зајакнато со изборот на пет кандидати, а Гостивар и Кавадарци добија по еден обвинител. Наталија Тасевска и Елвин Вели во иднина ќе работат во Републичкото обвинителство.