18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Ристовска: Дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на СЈО

Најчитани вести

Во име на сите обвинители кои стојат зад мене и во име на целиот истражителски тим, сакам да ве уверам дека примарен интерес е зачувувањето на интегритетот на СЈО и дека секогаш сме постапувале согласно законските прописи и да бидеме на ниво на задачата и ќе продолжиме да го истражуваме криминалот, изјави денес обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска. Во изјава за медиумите Ристовска рече дека целиот тим кој стои зад неа и оние кои се на одмор, СЈО стои зад целата работа која ја завршиле, како и зад тоа дека сите судски постпаки кои се започнати да бидат заврши со пресуди. Ниту во едните, ниту во другите не беше спомената Катица Јанева.

„Стоиме за работата што сме ја завршиле и сите постапки за кои имаме судења не се доведени во прашања и нашите постапувања се во рамки на законските прописи. Ве информирам дека внимателно седиме се и изразување голема загриженост и апелираме да се почитува нечелото на презумција на невиност и се приклучувам на повикот на државниот јавен обвинител секое лица да пријави се што има и сакам да потенцирам дека сме отворени за соработка со колегите и за се што маме како информација сме тука за да им помогнеме на колегите од организиран криминал. Потенцирам дека сите можни сомненија на кои работи ова обвинителство, не смеат да ги доведат во прашање постапки и останува цела работа на СЈО и верувам дека ќе има и уште осудителни пресуди”, изјави Ристовска.

Таа појасни дека е тука во нејзино има и во има на СЈО и го почитува начелото на презумција на невиност.

„Нема информации дека специјалната обвинителка не опфатена со таа истрага. Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас кои работите со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и натаму професионално СЈО да продолжи да работи”, додаде Ристовска.

На прашањето како ќе се одрази последниот случај на СЈО пред лидерската средба, Ристовска вели дека се надеваат дека целата работа која СЈО ја заврши и стандардите кои ги постави ќе биде примарниот мотив кога се одлучува за судбината на институцијата.

„Се оградуваме од сите политички контексти во кои можеме да бидеме вклучени во тие преговори и дека интересите на државата ќе се стават над дневно-политичките интереси“, изјави Ристовска.

Одговарајќи на новинарски прашања, таа кажа дека во СЈО не биле претходно информирани за оставката и за намерите на Јанева и дека тоа им било соопштено во исто време кога било изнесено во јавноста.

Најнови вести