7 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Рикер за РСЕ: Дел од лидерите на ЕУ имаат „поглед од 19 век“ кон Западен Балкан

Најчитани вести

423Мирјана Трпческа
31 октомври 2019, 17:46СподелиСподели

Соединетите Американски Држави  ги стимулираат европските лидери на Самитот во мај наредната година во Загреб да им доделат датум за старт на преговорите на Македонија и на Албанија,особено по разочарувањето како што велат од високите кругови на Стејт Департментот , од одлуката на европските лидери на последниот самит во Брисел  и француското ,,не“. По државниот секретар Помпео, деновиве во земјава е и неговиот специјален претставник за Западен Балкан, Палмер. Тој и денеска по дводневните средби со македонскиот врв и партиските репрезенти порача дека САД остануваат цврсти поддржувачи покрај на  Атлантските  и на Европските интеграции . Во тој контекст, во интервју за Радио слободна Европа американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија,своевремено американски амабасадор во земјава, Филип Рикер отиде чекор подалеку со ставот дека европската перспектива на земјите како Македонија била клучна компонента на американската надворешна политика. 

Европската перспектива на овие европски земји кои сакаат да бидат дел од Унијата беше клучна компонента на нашата надворешна политика.

Сметаме дека најдобар интерес на земјата и регионот е во Ервопа, но разочарувачко е да се видат одредени лидери со поглед од 19 век на Западен Балкан. )

 ,,Очекуваме оваа земја да стане 30та членка на НАТО Алијансата во најскоро време. Ја реафирмиравме поддршката на САД за С. Македонија во европската интеграција и европската перспектива. Тоа е нешто што го разјаснивме овде во Скопје и ќе продолжиме да го потврдуваме со нашите европски партнери.

Пораката во основа е иста. Тоа е дека САД се пријател и партнер на Северна Македонија, посветени сме на таа врска, посветени сме на европската интеграцијата на С. Македонија што ги вклучува двете, патот кон НАТО што е чист и јасен, и патот кон членство во ЕУ.)

Дека француското,,не“повеќе било од аспект унијата да ги среди внатре односите по одлуката за Брегзит на Велика Британија, денеска повторно со појаснување излезе францускиот амбасадор Тимоние. На прашањето за датумот за старт на преговорите, ќе се навратиме во мај, потврди Тимоние , зашто ни се потребни неколку месеци за одново да се направи  ново прераспределување на картите внатре. Ние дотогаш ќе ги зацврстиме основите на една куќа, дом во која сте добредојдени. Но, и амбасадорот потенцира дека би било добро ако овие месеци се направи прогрес и во делот на двотретинското носење на законите како оние за сузбивање на корупцијата.

 ,,Тоа што треба да го направиме е ние меѓу нас да ги смениме правилата на игра .Од друга страна , ако вие за тоа време може да направите прогрес  би било уште подобро. Посебно изборите да бидат успешни , што би било знак повеќе за политичката стабилизација.Исто така одреден број на одлуки кои има време да се донесат , да се донесат од владата која е во полн капацитет до трети  јануари. Во секој случај може да се оди напред во еден прогрес со едно добро  разбирање меѓу самите партии зашто вие сите заедно може најдобро да го дефинирате националниот интерес за тој да може да се носи на едно европско ниво. Тука се законите за кои е потребно двотретинско мнозинство а можат да се донесат.Посебно законите за борба со корупцијата , би биле еден многу силен сигнал.

Изборите за прв пат како услов и според кој македонскиот  напредокот на претстојниот европски  самит во мај во Загреб, ќе биде ценет францускиот дипломат ги спомена за прв пат. Вели тоа се дел од тие глобални услови кои тимоние се надева дека македонија би требало добро да ги помине.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести