Ривалдо воодушевен од вистинската сензација на Реал: Сега изгледаат како тимот во кој играше Роналдо

0

Ривалдо долги години беше голем противник на Реал Мадрид како член и главна ѕвезда на Барселона во играчките денови, но сега во улога на коментатор за случувањата во фудбалот, самиот се обврзува да дава објективни мислења за актуелностите во фудбалска Европа, дури и во ситуација кога станува збор за експлозија за играч на „кралевите“.

Во дадениот случај, станува збор за негов сонародник, а секако се работи за сензационалниот Родриго Гоеш кој игра на неверојатно ниво на последните неколку натпрвари на кои добива улога на стартер од страна на Зизу. Фудбалската експанзија на 18-годишниот тинејџер е топ тема во мадридската спортска јавност во изминатите 48 часа, а сега дополнително масло на огнот додаде и Ривалдо кој призна дека е воодушевен од Родриго.

– Родриго му помогна на Реал Мадрид да се доближи на нивото од времето на Кристијано Роналдо. Реал полека изгледа на тимот во кој играше Роналдо. Родриго има способност, квалитет и пред се голем капацитет за постигнување голови. Таквите фудбалери прават разлика на теренот, – порачува Ривалдо за „Бетфер“.