17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Реџепи: Џафери и демократијата се два рaзлични поима, сите лоши работи доаѓаат од ДУИ

Најчитани вести

Изреволтиран од изгласувањето на дневниот ред, Собранието по скратена постапка да ги донесе законите за одложувањето на пописот и локалните избори, шефот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи побара еден час пауза. Тој обвини дека претседателот на Собранието Талат Џафери и мнозинството ја злоупотребиле демократијата.

– Барам да се поништи гласање и тоа да се повтори. Сите лоши работи доаѓаат од ДУИ. Ова Собрание треба да го водите на демократски начин, а не да се шегувате со нашиот дигнитет. Барам еден час пауза. Прекршувањето на демикартијата го прави Џафери и мнозинството и ја замолчуваат албанската опозиција – рече Реџепи.

Џафери по дофрлање на пратеник му се обрати на Елми Азири и рече дека тоj сугерирал некој да фрли вода врз претседателот на Собранието.

– Доколку не сте вие се извинувам, доколку сака некој да ми фрли вода нека фрли – рече Џафери.

Реџепи повтори дека во ниту еден случај нема да дозволат се одржи денешната седница, се додека не дојдат сите пратеници од нивната пратеничка група.

– Денеска и службено се докажа дека Талат Џафери и демократијата се два различни поима. Во 12.15 добиваме порака за седница, што треба да се одржи во 13 часот. Замислете како би можеле пратениците кои се од внатрешноста да стигнат во Скопје за само 45 минути. Тоа е една игра, манипулација со правата на пратениците кои се во Собранието, што не му доликува ниту на претседателот на Собранието, ниту на мнозинството, кое ја искреира оваа манипулација – рече Реџепи.

Тој нагласи дека остануваат на ставот дека не треба да има одложување на пописот, дека тоа и сега не е можно, бидејќи требаше да се стори до вчера. Реџепи рече дека ќе поднесат амандмани на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис.

– Повикуваме на разум и свест кај албанските пратеници да се искористи Бадинтер и да го оневозможиме одложувањето, бидејќи барањето на двајцата моноетнички лидери Заев и Мицкоски не беше од здравствени причини, туку тотално од политички, од страв дека Албанците ќе бидат повеќе од тоа што планирале, а Македонците со бојкотот ќе се докаже дека се помалку. Таква политичка игра нема да дозволиме – порача Реџепи.

Џафери рече дека не го интересираат политички договори надвор од Собранието и дека не се води од политички одлуки туку од собраниска процедура.

– Владата на 30 март до мене достави предлог закон за пролонгирање на роковите за спроведувње на пописот. Правите манипулацијата со дијаспората. Предлог – законот не го запира процесот на попишување на дијаспората, туку напротив прелдожениот закон од 1 март до 21 април, пописот на дијаспората го одложува до завршување на пописот на 30 септември, не ви држи тој процедурален аспект – рече Џафери.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести