Home » Речиси 70% од селата во тетовско имаат неисправна вода за пиење

Речиси 70% од селата во тетовско имаат неисправна вода за пиење

by Журнал.мк

Водата од селските водоводи во тетовско е преполна со колимфорни бактерии. Таа нередовно се хлорира, а извориштата се необезбедени, а тоа се и главните причини поради што мештаните од селата пијат неисправна вода, велат од Центарот за јавно здравје Тетово.

Постојано укажуваме да се врши хлорирање, но апелите ретко стигнуваат таму каде што треба. Голем број од селските водоводи во тетовско ги раководат месните заедници, кои не се доволно организирани и функционални.

Од Центарот за јавно здравје, велат дека не е безбедна и водата од јавните чешми низ селата оти и тие се приклучени на селските водоводи. Во овој период од годината особено на Шарпланинското подрачје, ризична е и водата од изворите која најчесто ја користат планинарите.

Последните извештаи покажуваат поразителни резултати. 67% од водата во тетовските села е загадена, од селските чешми пак протекува и микробиолошки позагадена вода.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More