20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Речиси 7.000 Грци минатиот месец се возеле без билет во јавниот превоз во Атина

Најчитани вести

Контролорите од градскиот превоз во Атина, минатиот месец напишале казни за 6.911 лица кои користеле, метро, автобус, тролејбус или трамвај без билет, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците што ги објави грчката новинска агенција АНА-МПА, во текот на октомври биле спроведени 340.958 контроли и биле напишани 6.911 казни, бројка што е за 6,5 отсто поголема во однос на месец септември, кога и контролите биле за 34 проценти помали.

Целта на зголемените контроли е да се намали бројот на лица кои без билет го користат јавниот превоз, а според АНА-МПА, секоја година се создава „црна дупка“ од повеќе милиони евра во приходот на компаниите.

Процените се дека во автобусите и тролејбусите, само еден од 20 патници купува билет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com