6 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Речиси 30 лица повредени во пожар во близина на Саграда фамилија во Барселона

Најчитани вести

Дваесет и шест лица се повредени во пожар што избувна денеска близу базиликата Саграда фамилија, позната римокатоличка црква во централниот дел на Барселона, соопшти градската Служба за итни случаи на „Твитер“.

Хоспитализирани се 14 лица – девет од нив се здобиле со полесни повреди, четири лица се здобиле со умерени повреди и едно лице е во критична состојба. Дванаесет други биле лекувани на местото на настанот.

Пожарот, наводно, избувнал во станбена зграда близу базиликата, а потоа се проширил на соседните улици. Дванаесет противпожарни единици во моментов работат на теренот, а многу улици во центарот на градот се блокирани.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести