Според податоците на Националната служба на Перу за државни заштитени подрачја (SERNANP), 3.487 јужноамерикански морски лавови биле пронајдени мртви во седум заштитени подрачја, што претставува повеќе од 3% од вкупната популација на морски лавови во Перу. Покрај тоа, пријавени се пет смртни случаи на фоки поврзани со птичји грип.
Подтипот на птичји грип H5N1 се проширил на повеќе животински видови на брегот на Тихиот Океан во Јужна Америка. Првата појава на зараза кај птиците била откриена на крајот на ноември минатата година, а досега високопатогениот вирус убил околу 63.000 птици.
– Започна со пеликаните минатата година, а сега ги погодува и морските цицачи – изјави перуанскиот ветеринар Хавиер Јара.