17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови

Најчитани вести

Агенцијата на ОН за деца, УНИЦЕФ, објави дека речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови во последните шест недели поради руската инвазија на нивната татковина.

Исто така, ОН потврдија дека најмалку 142 деца биле убиени во војната, додавајќи дека реалната бројка е речиси сигурно многу поголема.

– Од 3,2 милиони деца за кои проценуваме дека се оставени во своите домови, речиси половина се изложени на ризик од недостиг на храна. рече Мануел Фонтен, директор на програмите на УНИЦЕФ кој беше во Украина.

Тој вели дека 4,8 од 7,5 милиони украински деца ги напуштиле своите домови, а такво нешто не видел за толку краток временски период во неговата 31 година хуманитарна работа.

Тој предупреди дека е многу веројатно ситуацијата да биде многу полоша во градовите како што се Мариупол и Керсон, каде што нема вода и санитарни услови, а снабдувањето со храна и лекови е прекинато.

Украинскиот амбасадор во ОН Серхиј Кислица изјави дека Русите однеле повеќе од 121.000 деца од Украина и дека подготвуваат закон со кој треба да се забрза постапката за посвојување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com