19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Рецитал „Клавишите на Арда“ во Филхармонија

Најчитани вести

„Клавишите на Арда“ е насловен рециталот кој ќе се одржи в среда во 19 часот во Камерната сала на Филхармонија на кој ќе настапи младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу.

На програмата се дела од Хајдн, Скарлати, Шуман и Брамс.

Арда Мустафаоглу е студент на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург.

Пијанистичката кариера ја започнува на шестгодишна возраст освојувајќи бројни награди на меѓународни пијанистички натпревари: Grand Prix на EMCY натпревар во Истанбул (Турција); прва награда на интернационалниот натпревар „Antonio Salieri“ во Верона (Италија); трето место на интернационалниот натпревар „Triomphe de l’Art“ во Брисел (Белгија); прво место на интернационалниот натпревар „Kunst Und Frieden“ во Хамелбург (Германија), натпревaри во Грција, Србија, Бугарија, Албанија и Франција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести