16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Референдумот беше за уривање на Договорот со Бугарија или за мобилизација за избори?

Најчитани вести

РЕФЕРЕНДУМ ЗА УРИВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ИЛИ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА ЗА ИЗБОРИ?

Освен референдумот за независноста, во Македонија досега немало друг успешно спроведен референдум. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сега се пред вистински предизвик кој самите си го наметнаа. Но, која е крајната цел на политичката игра наречена „Иницијатива за референдум“?

Пишува: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА

По долги консултации со, како што велеа, правни експерти, ВМРО-ДПМНЕ го објави референдумското прашање:

„Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија?“

Иако на почетокот партијата најавуваше дека целта е да се оспори францускиот предлог, на крајот прашањето се фокусираше на Договорот со Бугарија.

Но, колку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ веруваа во успешноста на овој референдум, чија иницијатива претседателот на Собранието, Талат Џафери веќе ја одби бидејќи прашањето било противуставно?

За референудмот да беше успешен, потребна ќе беше излезност од 900.000 гласачи. Ако се има предвид дека сите албански партии се против референдум, исто како и владејачката коалиција, оваа бројка ќе биде тешко достижна.

Политологот и професор на Правниот факултет во Скопје, Ненад Марковиќ вели дека постигнувањето на оваа бројка на излезност е скоро на невозможна мисија,.

„Да не се лажеме, постојните правила за спроведување на референдум и потребниот праг за успех се одамна нешто што требаше да се промени и намали, за што во крајна линија се залагаа и неколку видни експерти од самата ВМРО-ДПМНЕ, со кои за ова се согласувам во потполност. Референдумските правила се направени за ниту еден референдум да не успее никогаш. Нашата политичка култура не подразбира толкава мобилизација за ниту едно прашање, а камоли за прашање кое е повеќе или помалку завршено“, вели Марковиќ.

Негово мислење е дека она што ВМРО-ДПМНЕ цели да го постигне не е воопшто референдумот, сам по себе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com