Рестораните во Саудиска Арабија повеќе нема да мора да имаат посебни влезови за жени и мажи, соопшти Министерството за локален развој и рурални работи. Според информациите од министерството, новите регулативи не се обврзувачки, што значи дека рестораните можат да задржат посебни влезови доколку сакаат сопствениците.
Не е јасно дали ќе биде укината распределбата на седиштата за мажи и жени.
Претходно, сите ресторани на Саудиска Арабија мораа да имаат посебни влезови за жени и мажи.
Според строгите регулативи во Саудиска Арабија, на мажите и жените кои не се во роднински врски, не им е дозволено да бидат заедно на јавни места, а специјалната верска полиција е одговорна за почитување на тие правила.