13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Републикански сенатори бараат од Бајден да го преиспита пакетот помош

Најчитани вести

Група од десет републикански сенатори побараа од американскиот претседател Џо Бајден да го преиспита пакетот помош заради пандемијата во износ од речиси две илјади милијарди долари. Тие во писмо наведоа во дека сакаат состанок на кој ќе се разговара за компромис за кој веруваат дека може да се добие брза поддршка од двете партии.

Во писмото до Бајден, Сузан Колинс, Лиза Мурковски, Мит Ромни и уште седум сенатори најавија дека утре ќе претстават предлог за решавање на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Напредокот во усвојувањето на предложениот пакет за поддршка на Бајден за поединци и бизниси ќе биде ран тест за ветувањето на новиот претседател за соработка со републиканците.

Републиканските сенатори не дадоа детали за нивниот предлог во писмото, но посочија дека тоа е во согласност со повикот на Бајден да се издвојат дополнителни средства за да се забрза вакцинацијата и тестирањето, да се вклучи поддршка за училиштата и центрите за згрижување деца, но и да се обезбеди насочена помош за семејства на кои им е потребна, и поголема финансиска помош за малите бизниси.

Сенаторите не го наведоа вкупниот износ на предложениот план, но додадоа дека парите од претходниот пакет помош усвоен минатата година се уште не се потрошени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести