Македонските репрезентативци низ вистински позитивна атмосфера, со една нова енергија, како што сами потенцираат, денеска ги стартуваа подготовките за двата натпревари против Италија и против Малта во квалификациите за ЕП 2024.
„Доаѓаме на овој собир со некоја нова енергија затоа што веруваме дека има уште многу што да кажеме во квалификациите. Чувствуваме позитивна енергија, сакаме да учиме на досегашните грешки но и да го потврдиме квалитетот кој го поседува секој од нас“ – истакна денеска офанзивецот на швајцарски Грасхоперс, Доријан Бабунски.
И, како и Бабунски, и никој и од сите останати, како што потенцираат, не планираат некакво предвремено откажување од позитивни резултати во овие квалификации. Затоа што има уште пет натпревари во следните три месеци низ кои, и тоа како, може да се обели образот на македонскиот репрезентативен фудбал со противници како Италија, Англија и Украина.