23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Репрезентативците се собраа за почеток на патот кон Мундијалот

Најчитани вести

Македонските репрезентативци попладнево имаа собир за стартот на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2022 година во Катар, и натпреварите против Романија на гости, Лихтенштајн дома и Германија на гости.

Селекцијата се соочи со неколку проблеми, по отсуствата на Зајков и Костадинов поради позитивни тестови на Ковид-19, како и отсуството на Тричковски кого ќе го нема поради повреда, па така мораа да се повикуваат нови играчи. На списокот се најдоа Агим Ибраими и Стефан Ашковски.

Дополнителен проблем ќе претставува и отсуството на Аријан Адеми кој има ситна повреда, и веројатно ќе го пропушти само мечот со Романија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести