21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Рено и Дачија ставаат ограничување на 180 км/ч

Најчитани вести

Отако истото го направи Волво, компаниите Рено и Дачија електронски ќе ја ограничат брзината на своите нови автомобили.

Идните модели нема да можат да постигнат брзина поголема од 180 км/ч, а ќе имаат автоматски систем за контрола на брзината нречен „Safety Coach“, кој ќе ја прилагодива брзината според локалните знаци земјаќи во предвид различни аспекти како патот и временските услови.

Оваа одлука ја соопшти директорот на Рено Групацијата Лука Де Мео на состанокот на акционери минатата недела.

Волво ја ограничи максималната брзина на своите нови автомобили на 180 км/ч минатата година. Компаниата беше критикувана поради тоа, но соопшти дека е подготвена да загуби потенцијални купувачи доколку нејзината одлука ќе спаси животи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести