29.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Рендери за Google Pixel 4 XL покажуваат класична горна рамка без засек

Најчитани вести

Google претходно објави фотографија од задната страна на претстојниот Pixel 4 смартфон, но дизајнот на предната страна досега воглавно беше непознаница. Доверливиот дојавувач @OnLeaks сега објави 3D рендери за Pixel 4 XL, кои покажуваат дека глоамзниот засек во екранот е отфрлен.

Телефонот нема засек, нема punch-hole отвор, нема pop-up камера – тука се само стандардната горна рамка со две селфи камери, сензори и слушалка. OnLeaks и PriceBaba пред околу еден месец објавија рендери на помалиот Pixel 4 модел, кој има ист дизајн, но помали димензии.

Google Pixel 4 XL ќе има 6.25-инчен дисплеј (19.5:9 однос), а недостатокот на сензор за отпечатоци од прсти на задниот дел и отстрана, сугерира дека тој ќе биде сместен во екранот. Телефонот има димензии од 160,4 x 75,2 x 8,2 мм (9,3 мм во делот каде што е испакнатиот дел за камерата). Стандардниот Pixel 4 ќе има големина на екранот помеѓу 5,6 и 5,8 инчи, со димензии од 147,0 x 68,9 x 8,2 мм.

Новите Pixel 4 телефони би требало да имаат 16MP телефото камера, како дел од нивниот троен камера систем. Покрај главниот сензор, би требало да постои и 3D ToF сензор. Двојната селфи камера, исто така, би требало да има 3D сензор, како и функција за отклучување преку распознавање на лицето.

Pixel 4 XL би требало да го покренува Snapdragon 855 чипсет, во комбинација со 6GB RAM. Објавата на телефонот се очекува во октомври./извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com