Нема поголем успех за една Владата и една генерација на политичари од тоа да се обезеди сигурна безебдна и политички стабилна држава со исполнети стратешки интереси како членството во НАТО и ЕУ, што и успева на оваа Влада, истакна пратеничката на СДСМ Фросина Ременски на денешната седница на Собранието.
Што се направи оваа Влада за двете години мандат доволно говорат бројките и официјалните податоци, говорат извештаите на Европката Комисија за напредокот на Република Северна Македонија. Направивме клучен пресврт во амбиентот во кој живееме.
Нашето општество се демократизираше и успеа да излезе од дефиницијата за хибриден режим и заробена држава. Исполнувањето на политичките критериуми, решавањето на отворените прашања со сите соседи, покажува дека европската перспектива на државата, стабилноста на регионот и демократскиот и економски просперитет се загарантирани, посочи Ременски.