Пратеничката Фросина Ременски врши увид во доказниот материјал во врска со случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“. Таа беше почесна претседателка на невладината организација, а нејзин претседател беше Бојан Јовановски, кој сега е обвинет и за случајот „Рекет“.
Обвинителството на 9-ти октомври отвори истрага за измамите кои ги направил Сојузот со изградба на центри за возрасни лица, за кои се барале пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други. Ременски увидот во врши во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. Во случајот „Меѓународен сојуз“, опфатени се пет физички лица и едно правно лице.
Во Обвинителството денеска наместо првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, увид извршил неговиот адвокат Сашко Дукоски. Поканет да направи увид на доказниот материјал од страна на Обвинителството е и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, а вчера тоа го направиле потпретседателка на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски.
Увидот во доказниот материјал е со цел осомничените да се подготват за давање исказ во Обвинителството во текот на наредната недела.