-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Ременски вели дека нема нејзин потпис на документите од доказниот материјал

Најчитани вести

Пратеничката Фросина Ременски по повеќе од три и пол часа заврши со увид во доказниот материјал. Таа не сакаше да ја коментира обемноста на материјалот, ниту што има во доказите.

„Јас на прашања ќе одговорам кога ќе дадам изјава пред јавен обвинител. Видов сè освен докази. На ниту еден документ дел од доказите немам ставено потпис“, рече таа.

Ременски не сакаше да одговори дали се има среќавано со бизнисмените кои се оштетени во случајот со невладината „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски.

Таа не сакаше да коментира ниту за 750 илјади евра кои наводно биле префрлени на сметка кај пензионерка од Скопје.

Во однос на документите од УБК, кои беа пронајдени во нејзниот дом, Ременски рече дека истите не се класифициран материјал.

Исказ пред обвинителката Русковска, пратеничката треба да даде утре.

Ременски во петокот рече дека медиумите прават фама од случајот со „Меѓународниот сојуз“ и ги посоветува да се интересираат и за други предмети. Таа не сакаше да каже дали е злоупотребена од страна на Бојан Јовановски, коментирајќи дека на тоа ќе одговори кога ќе треба.

Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на кривичните дела измама и перење пари за кои се осомничени пет физички лица, заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

На Ременски и е одземен пасошот, а има и забрана да го напушти Скопје како мерка на претпазливост. Обвинителството одзеде два телефона, но и компјутери и други предмети при претрес во нејзиниот дом.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести