30.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Ременски: Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем

Најчитани вести

Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем. За мене ова не е неочекувано и е голема опомена час поскоро да се направи реструктурирање на редовите на рамките на институциите по однос на одговорноста, за прашањата за оваа „дозволена неказнивост“. Ако Таргет – Тврдина беше случајот кој што многумина го именуваа „мајка“ на сите случаи, јас се чудам како Сашо Мијалков и сите останати во процесот, не ја дочекаа пресудата во притвор. Зачудува леснотијата со која што и ЈО и Судот, а секако и полицијата во делот на превентивата, го занемарува моментот дека токму запретената казна во овој случај, дозволи Мијалков да биде на слобода и да ја дочека пресудата и да не се даде во бегство. Сашо Мијалков требаше да биде во притвор сиот период додека се водеше случајот, но не само за незаконското прислушкување, туку и за многу случаи кои сега ќе се актуелизираат, изјави во Утрински брифинг проф. Фросина Ременски.

-Одговорноста за бегството на Мијалков не би ја лоцирала во овој момент, туку неа ја лоцирам многу поодамна – во фактот што ние немаме одговори за бегството на Никола Груевски, а ни се отвора прашањето за бегството, ако воопшто е бегство, за Сашо Мијалков. Изостанува проценката дека токму за вака високопрофилирана структура на обвинети во случај како што е овој, зборува дека вние воопшто не сме ја научиле лекцијата, дека доверба во вакви типови системот и не треба да има и факт е дека сега е неминовна реорганизација на овој процес, во смисла на барање на одговори и слабите карики во рамките на самиот систем кои дозволуваат вакви случаи да остануваат неказнети, вели Ременски.

-Јас сум премногу професионално реолтирана за да можам денеска да зборувам и се да кажам за ова што денеска не осамна како вест, но очигледно е дека е користат недореченостите во системот, се користи корумпираноста на системот и еве од денеска ќе почне префрлувањето на одговорноста, смета Ременски.

-Во контекст на фалсификувањето на возачките дозволи го реафирмирав фалсификатот за набавката на лабораториите – наменски за МВР, а на штета на факултетот. За да ја направам таа паралела каква е одоговорноста за полициските службеници кои фалсификувале возачки, а каква е одговорноста, односно немањето на одговорност на полициски службеници кои фалсификувале тендерска документација за незаконско опремување на МВР. И еве го одговорот и на претходните прашања – зошто селективно се пристапува кон утврдување на одговорност за две исти работи, можеби и многу пострашна е оваа за која пишувам по однос на фалсификувањето на тендерската документација, зошто тоа е опрема која што служи за добивање на соодветни производи кои ги пласира Обвинителството во судски постапки. Овие 8 лица ставиле потпис каде што лажно се претставиле како – вработени на Факултетот за безбедност и меѓу другото кажале дека Факултетот има девет лаборатории. На сето ова кумувал министерот за внатрешни работи, кумувал побегнатиот директор, друг директор на БЈБ, кумувале министри за образование и наука почнувајќи од Никола Тодоров, преку Панче Кралев, Спиро Ристовски, такви фиктивни одлуки носеле Никола Груевски како премиер и вицепремиерите Ставревски и Пешевски. Тоа е врвот на пирамидата на политичари одговорни за овие незаконски работи, вели Ременски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести