4 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Релаксација на плажа: Новак Ѓоковиќ во Хрватска

Најчитани вести

Maж и жена се сончаат на огромни гумени душеци во форма на бели крилја. Двајцата “пливаат” во Јадранско Море и позираат за дронг кој ги снима. Ова не е реклама на Хрватска, туку дел од одморот на Новак Ѓоковиќ.  

Тенискиот играч се пофали дека го одбрал островот Корчула за одмор со неговата сопруга Јелена. 

Ѓоковиќ објави неколку кадри од неговите морски авантури. Од нив е јасно дека тој се опушта на плажата. 

Светскиот број 1 постави видео на Instagram за да покаже како талентираните хрватски музичари отсвирија серенада за него и неговата сопруга. 

“Магична ноќ. Пееме со оркестарот во Корчула. Големо искуство. Благодарен сум да ги споделам овие важни моменти со Јелена “, рече тој. 

Претходно, Новак го прослави роденденот на својот помлад брат, Ѓорѓе. 

Додека атлетичарот се посвети на Вимблдон каде што го зграпчи трофејот, американските медиуми објавија дека тој зел луксузен стан лоциран во една зграда на брегот на Мајами Бич. Според информациите, Србинот платил 6,7 милиони долари за живеалиштето. /lokalno.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести