28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Рекордна продажба на електричниот Audi e-tron во САД

Најчитани вести

Во првите три месеци од годината, Audi испорачал 4.324 примероци од двете изведби на електричниот СУВ-модел Audi e-tron.

Рекорден број на продадени примероци од електричниот СУВ-модел на Audi во САД. Во периодот од јануари до март, на големиот американски пазар се испорачани 3.474 примероци од Audi e-tron и уште 850 примероци од неговата купе-изведба e-tron Sportback. Годинава ќе следат уште најмалку три новитети со погон на струја.

Близу десет проценти од продажбата на Audi во земјата на големите мотори V8 и на масивните СУВ-модели во првото тромесечје од 2021 година ја сочинуваат автомобили што возат чисто на струја. Германската марка меѓу јануари и март испорачала 54.840 автомобили во САД. Тоа е за точно една третина повеќе од истиот период лани, кога почнуваше пандемијата.

Во оваа продажба, двата чисто електрични модели на Audi учествуваат со нешто помалку од 8 проценти. Од Audi e-tron и од купе-изведбата Audi e-tron Sportback се продадени 4.324 примероци. Првиот ја зголемил продажбата за дури 103%, додека Sportback уште е нов на пазарот и неговата продажба во следните квартали се очекува да расте уште поубедливо.

Летово во САД започнува и продажбата на новиот Audi e-tron GT, кој ја дели платформата со Porsche Taycan. За десетина денови треба да се одржи и светската премиера на компактните Audi Q4 e-tron и Audi Q4 e-tron Sportback, базирани врз техниката на Volkswagen ID.4, односно врз платформата MEB. Од нив се очекува да дадат уште поголем поттик во продажбата.

Продажба по моделски серии на Audi во САД

МоделПримероци
A31.329
A45.071
A54.527
A63.113
A7989
A8441
e-tron3.474
е-tron Sportback850
Q38.575
Q514.731
Q77.714
Q83.612
R8148
TT266
Вкупно AUDI · 54.840 (+33%)

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести