Со завршното асфалтирање на последната траса проектот за реконструкцијата на булеварот Партизански одреди влегува во завршна фаза, информираат од Град Скопје.
„Асфалтирањето на последната траса, од ТЦ ‘Антико’ до мостот ‘Обединети нации’ (во правец од Центар кон Влае) почна во текот на вечерта и денеска треба да заврши асфалтирањето и на преостанатата делница. Во наредните денови треба да се извршат финалните градежни зафати и да се постави соодветна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација“, информираат градските власти.
Од таму потсетуваат дека асфалтирањето се врши во рамките на проектот за реконструкцијата на дел од булеварот Партизански одреди, на потег од крстосницата со булеварот 8 Септември до мостот „Обединети нации“, во должина од два километра.
Од Град Скопје посачуваат дека со проектот целосно е заменет асфалтот на површина од 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта е изведена комплетно нова коловозна конструкција.