28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Реконструкцијата на Кумановскиот театар ќе се одвива во повеќе фази

Најчитани вести

Јавната набавка за реконструкција на Кумановскиот театар ќе се распише во првото тромесечје од оваа година, информираа од Министерството за култура.

Реконструкцијата на зградата на театарот е опфатена во Годишната програма за инвестиции во културата за 2021 година, содржи проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и националните установи од областа на културата кои се носители на активностите.

-Реализацијата на проектот за комплетна реконструкција на објектот во кој е сместен театарот ќе се одвива во повеќе фази. Јавната набавка за првата фаза од реализацијата предвидено е да биде распишана во првото тримесечје од годинава, и за оваа фаза предвидена е сума од 10 милиони денари, соопштија од Министерството за култура.

Надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев”, под чии ингеренции е театарот претходно информираа дека проектот е веќе завршен и дека тендерот ќе го објави Министерството.

– Очекуваме да се распише тендерот и да почне реконструкцијата на објектот. Се надеваме дека ќе имаме значително подобрени услови за изведување на годишната програма, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев”, Сашо Тодоровски.

Во ноември, лани, надлежните од установата, информираа дека е подготвен проектот кој ги вклучува сите фази, архитектура, термодинамика, електрика, статика, водовод. Тогаш, потенцираа дека Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), подготвил и студија за реконструкција и адаптација на објектот, бидејќи станува збор за постар објект.

Зградата на театар Куманово со години се наоѓа во незавидна состојба за изведба на уметничките дела, но и покрај тоа, установата спроведува успешна програма. Објектот се наоѓа и помеѓу училишни згради.

Архитектите предложиле санацијата најпрвин да почне од темелите, гледалиштето, сцената и да се движи кон покривната конструкција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести