17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Реконструкцијата е рециклирање неспособен кадар, порачаа младите од Беса

Најчитани вести

Младите од Движењето Беса денеска пред зградата на Владата оставија дршка од метла зашто сметаат дека реконструкцијата во владиниот состав е козметичка и рециклирање на неспособниот кадар.

„Преку најавувањето на фамозната ‘метла‘ сите мислевме дека навистина ќе почнат промени и реформи. Но, за жал, после оваа козметичка реконструкција на владата, се прави рециклирање на неспособните кадри, наградувајќи ги со министерски позиции токму тие политичари што потфрлија во работата во нивните министерства, со што дефинитивно се потврдува дека оваа влада треба што побрзо да падне“, изјави Лиридон Хусеини, претседател на младите на Движење Беса.

Тој додаде дека Владата води погрешни политики со што секојдневно ја гасне надежта на граѓаните. Дршката од метлата, како што рече, ја оставаат затоа што премиерот не успеал да ја употреби „метлата“ што самиот ја најавил и порачаа да им ја даде на министрите на кои, како што рече, „не им се слуша гласот и не знаат зошто се дел од вашиот кабинет“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com