8.7 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

РЕКЕТ: Јанева се мисли дали да даде исказ пред Рускоска

Најчитани вести

Неизвесно е дали Катица Јанева ќе сведочи пред обвинителката Вилма Рускоска за случајот „Рекет“. Адвокатите сè уште не добиле точни упатства од поранешната шефица на СЈО за тоа како да ја подготват одбраната. Тие ја посетуваат Јанева во истражниот затвор Шутка и ја известуваат за доказите што ги презентираше Обвинителното за организиран криминал и корупција против неа, информира „Алсат“.

Засега Јанева не размислува за договор со обвинителството, додека Рускоска, пак, сè уште истражува како исказот на осомничениот Зоран Милевски-Кичец им се понудил на адвокатите. Премиерот Зоран Заев очекува конечно да се покрене обвинение за случајот „Рекет“.

– До 15-ти октомври поминуваат 90 дена од истрагата, што очекувам да заврши со обвинение, а граѓаните да ја знаат целата вистина. Ова ќе го охрабри судството да продолжи да одлучува, само врз основа на Уставот и законот и на сопствено убедување – изјави Зоран Заев.

Истрагата за случајот „Рекет“ заврши. Катица Јанева и Боки 13 се во притвор и преку судски алби се обидуваат да излезат од Шутка. Зоран Милевски-Кичец е во куќен притвор дома. Сите тие се осомничени дека изнудиле повеќе од 1 милион евра од бизнисменот Орце Камчев, ветувајќи дека ќе ја запрат истрагата против него за перење пари.

Извор: Алсат

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести