17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Реквием за една држава! Каде згреши Володимир Зеленски?

Најчитани вести

Можеш ли со бензин да изгасиш оган? Ова е прашањето на кое украинскиот претседател Зеленски не успеа да го најде вистинскиот одговор. Неговата земја е разорена, народот се раселува, бројот на загинати украински војници (според независни минимални проценки) надминува 20.000 лица, раселени се веќе пет милиони Украинци, а Светска банка во март процени дека нивната економија годинава ќе изгуби барем 45 отсто од БДП. Агресорот Русија не мисли да попушти и да се повлече и покрај бројните меѓународни притисоци. Зошто Зеленски дозволи неговата родна и богата држава двете воени супер-сили да ја претворат во воен полигон?

Украина, најголемата европска житница и мега производител на масло за јадење, железо и челик сега е во очајна состојба. Бројот на бегалци надмина пет милиони. Според независни минималистички проценки, досега во руската агресија загинале над 20.000 украински војници, двојно повеќе се ранети или инвалидизирани. Разорена воена и цивилна инфраструктура, железнички јазли, патни правци. Бројни села и мали места раселени и разурнати, а преубавиот Мариупол е срамнет со земја. Веќе е се поизвесно она што го пишувавме во една претходна анализа – Украина ќе го изгуби или значајно ограничи својот пристап до Црното Море. Азовското море веќе од поодамна го изгуби.

Војната не престанува. Руската армија користи се повеќе оружја од новата генерација. Укарина прима се повеќе воена помош од земјите членки на НАТО, пред се од САД. Но дали со бензин може да се изгаси оган???

Украина има зла судбина – тоа е нејзината геостратешка позиција. Голема и плодна рамна земја „распната“ меѓу две воени супер-сили. Едната е физички многу далечна – таа е САД „алфа и омега“ во НАТО пактот. И сега најголем поддржувач на Украина. Другата е соседната Русија – најголемата земја на светот (според својата територија). Воедно и супер воена сила, особено од чии нуклеарни подморници стрепат сите воени сили.

Европа е најголема економска жртва на овој воен конфликт. ЕУ не е колатерална штета затоа што зазема страна и дава воена поддршка на Украина, иако веќе сите сме свесни дека украинската војска не може да ја отфрли руската агресија со воени средства. Сега кој и да каже дека има мирољубиво решение за конфликтот ќе излезе смешен. Русија не отстапува ниту педа од позициите, а Украина прима се повеќе НАТО оружје. Се погласно се зборува за поделбата и распарчување на Украина.

Хронологија на реквиемот на една држава…

2014 година украинската „кадифена револуција“ на украинскиот плоштад Мајдан. Беше урнат режимот на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Во тоа бурно време Викторија Нуланд, актуелен помошник државен секретар за политички прашања во Стејт департментот на САД, одеше на Мајдан и делеш кекс на бунтовниците против режимот на Јанукович. Нуланд, меѓу другото е позната и по својата изјава на Си-Ен-Ен, каде во април 2014 година соопшти дека САД вложува 5 милијарди долари во развој на демократијата во Украина.

2014 година Промената на режимот во Украина предизвика реакција на проруското население во Луганск и Донецк и анексија а полуостровот Крим од страна на Русија.

ноември-декември 2014 година Конгресот на САД усвоил Закон за финансирање програми поврзани со Пентагон (Министерството за одбрана) во тие програми било планирано и финансирање на батаљонот „Азов“.

2015 година Договорот од Минск помеѓу Украина и Русија предвидува широка автономија за регионите Донецк и Луганск и припојување на Крим кон Русија

Овој договор настана под силен политички и економски, а делумно и воено-технички притисок на Русија. Во тоа време на власт во Украина беше Петро Порошенко (магнат сопственик на најголемата кондиторска индустрија „Рошен“). Кога Порошенко се обиде да го имплементира договорот предизвикал насилни протести на радикални десно ориентирани украински групации. Во тие немири загинале тројца полицајци. Тогаш Порошенко отстапил од спроведување на договорот, а Зеленски не се ниту обидел да го реализира.

Од тие насилни украински политички групации настанува и озлогласениот батаљон „Азов“ чии симболи го голема мерка потсетуваат на нацистичките обележја.

мај 2015 година конгресмените Џон Конерс (демократ) и Тед Јох (републиканец) заедно предлагаат амандмани со кои се забранува американска воена поддршка за батаљанот „Азов“ и притоа во нивниот вокабулар во дебатите го нарекуваат неонацистичка воена милиција. Амандманите првично биле усвоени, но под притисок на Пентагон биле укинати, а воената поддршка за „Азов“ продолжила. На таа одлука веднаш протестирал еврејскиот меморијален центар „Симон Визентал“ чии претставници укажувале на тоа дека финансирањето на „Азов“ ја искривува сликата за холокаустот во Украина.

2015 година Збигнев Брзезински, прочуен американски експерт за геополитика на меѓународен безбедосен форум во Полска изјавил: На Русија мора да и гарантираме дека слободна и демократска Украина нема да тежнее да влезе во НАТО.

2018 година под силен притисок на политичари и јавноста во САД била укината поддршката на „Азов“ зради тоа што цитираме воената формација негува идеологија на супермација на белата раса.

2019 година 40 членови на Конгресот бараат од Стејт Департментот да го прогласи „Азов“ за странска терористичка организација. Барањето било ствено на игнор.

април 2020 година прогласување на „Азов“ за терористичка организација барала и демократската когресменка Елиса Слоткин, но Џо Бајден останал на ставот да го игнорира нејзиното барање.

19 февруари 2022 година Германскиот канцелар Олаф Шолц на 19 февруари му сугерирал на Зеленски да го одбие влезот на Украина во НАТО за време на безбедносната конференција во Берлин, напиша „Вал Стрит Журнал“. Тогаш германскиот канцелар му предложил на Зеленски дека Џо Бајден и Владимир Путин ќе бидат гаранти на сигурноста и неутралноста на Украина. Зеленски одбил со образложение дека на Путин не може да му се верува. Наместо тоа Зеленски на таа конференција изјави дека Украина може да ја ревидира својата позиција и да го напушти Меморандумот од Будимпешта од 1994 година документ кој беше гаранција дека Украина ќе апстинира од израбока на нуклеарно оружје.

24 февруари 2022 година Русија ја нападна Украина.

март-април 2022 година Најновиот извештај на Светска банка прогнозира дека украинската економија оваа година ќе изгуби барем 45 отсто од вредноста на брутодомашниот производ (БДП). Голема е веројатноста дека ќе има корекција на оваа прогноза затоа што војната на украинска територија нема изгледи да заврши.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com