Вкупниот број на населението на Македонија е 2 милиони 97 илјади и 319 лица, додека резидентното население, односно оние кои живеат во земјава се 1.836 713 лица. Нерезидентното население е 260.606 лица. Ова се резултатите од пописот кои директорот на Државниот завод за статистика ги објави на денешната прес конференција. Симовски рече дека дури и оние кои не сакале да се попишат е извршена нивна евиденција според нивните документи од базата на податоци, но во нив не е наведено етничката припадност и мајчиниот јазик.
„Од вкупно попишаното население 54,21 проценти се изјасниле како Македонци, 29,52 проценти како Албанци, 3,98 проценти како Турци, 2.34 проценти како Роми, 1.18 проценти како Срби, 0,87 како Бошњаци и 0,44 како Власи. Од вкупното резидентно население 58,44 од населението се изјасниле како Македонци, 24,3 проценти како Албанци, 3.86 проценти како Турци, 2.53 како Роми, 0,47 проценти како Власи, 1.3 проценти како Срби и 0,87 како Бошњаци“, додава Апостол Симовски.
Според Симовски рече дека според податоците намален е бројот на жител за 185 илјади 834 лица, или за 9,2 проценти, споредено со претходниот попис. Во однос на град Скопје, Симовски рече дека како граѓани на главниот град се попишани 526 илјади 502 лица.
„Вкупниот број на жители изнесува 526.502 лица и во споредба со 2002 година е зголемен за 3.9 проценти. Бројот на домаќинства во град Скопје изнесува 171.171 домаќинство и во споредба со 2002 година се забележува зголемува за 16,8 проценти“, вели Апостол Симовски.
Симовски оцени дека најголемата статистичка операција е спроведена успешно и професионално а дека податоците се обработени во рекорден рок. Пописот во Македонија се спроведува по повеќе од 20 години, а Македонија беше една од ретките земји без спроведен попис.