Повеќето произведувачи ја поставија 2030-та година како граница за престанување со производство на возила со внатрешно согорување.
Индустријата за литиум, со која доминира Кина, треба да вложи 116 милијарди долари до 2030-та година за да се исполнат целите кои ги поставиле владите и произведувачите на автомобили. Недостижна бројка, тврдат експертите во неодамнешното истражување.
„Тоа е речиси невозможно и се работи за дефинитивна трка со време“, изјавиле од „Benchmark“, компанија која го правела истражувањето.
Тие 116 милијарди долари би требало да одат на изградба на нови рудници и рафинерии, како и на проширување на постоечките имоти. Земајќи ги предвид целите за производство на електрични возила, како и податоците од Меѓународната агенција за енергија за политиките на секоја земја, би биле потребни 5,3 милиони тони литиум карбонат. Бројка значајно над моменталната достапност на овој клучен материја.
Повеќето произведувачи ја поставија 2030-та година како граница за престанување со производство на возила со внатрешно согорување. Консултантската куќа предвидува дека за исполнување на таа цел ќе бидат потребни 7,0 TWh (терават-часа) батерија. Проблемот е што прогнозата за производство на истите изнесува само 3,2 TWh литиум-јонски батерии.
Всушност, нагласено е дека стотина рудници со ретки метали и минерали, не само литиум, недостасуваат за да се задоволи побарувачката. Најновите трендови кои ги гледаме во автомобилската индустрија се елиминација на посредниците и купување директно од рударските компании, како и преземање на компании кои се посветени на ископување литиум. Но, се поставува прашањето, дали тоа ќе биде доволно?